Добавить новость
World News in Macedonian
Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Путин соопшти дека се потпишани документите за прекин на огнот во Сирија

Претседателот на Русија Владимир Путин соопшти дека е постигнат договор за прекин на огнот во Сирија и за подготвеноста да почнат мировни преговори.

„Тукушто пристигна веста дека денеска пред неколку часа се случи она што не само што го чекавме долго време, туку вложивме и многу труд во тоа. Потпишани се три документи. Првиот документ е потпишан меѓу сириската влада и вооружената опозиција за прекин на огнот на територијата на Сириската Арапска Република. Вториот документ е системот на мерки за контрола на режимот на прекин на огнот. Третиот документ е изјава за подготвеноста да започнат мировни преговори за решавање на сириската криза“, изјави Путин на средбата со министерот за надворешни работи и министерот за одбрана на Русија.

Рускиот претседател истакна дека договорите кои се постигнати во Сирија се резултат на соработката на Русија со партнери во регионот - Турција и Иран.

Медиум: Русија, Турција и Иран ќе ја поделат Сирија на зони на влијание

„Со партнерите од Турција направивме голема работа. Знаеме дека неодамна во Москва се одржа трилатерална средба на министрите за надворешни работи на Русија, Турција и Иран, каде што сите три страни презедоа обврска не само да го контролираат, туку и да го гарантираат мировниот процес за решавање на конфликтот во Сирија“, истакна шефот на руската држава, пренесува „Интерфакс”.

Путин додаде дека договорот за прекин на огнот во Сирија, кој е „очигледен резултат на нашата заедничка работа“, е многу кревек.

„Сите постигнати договори, тоа ни е јасно на сите, сите тие се многу кревки, бараат посебно внимание и трпение, професионален пристап кон овие прашања и постојан контакт со нашите партнери“, изјави рускиот претседател.

Министерот за одбрана на Русија Сергеј Шојгу изјави дека прекинот на огнот во Сирија ќе почне на полноќ на 30 декември.

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media






Топ новостей на этот час

Rss.plus





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *