Карјакин сепак успеа да го победи Карлсон
Рускиот велемајстор Сергеј Карјакин го победи Норвежанецот Магнус Карлсен во петтото коло на Светското првенство во забрзан шах во Доха.
Сергеј Карјакин успеа да победи 15 секунди пред истекот на времето на тајмерот. Рускиот велемајстор играше со црни фигури.
Шах
Како што се нагласува, Сергеј Карјакин со пет победи по ред е најдобар играч на турнирот.
Натпреварувањето почна на 29 декември во катарската престолнина Доха. Шахистите ќе мораат да одиграат вкупно 21 натпревар, 11 во четвртокот и 10 во петок, 30 декември.
Норвешкиот велемајстор Магнус Карлсен ја одбрани неодамнешна титула светски првак откако во возбудливо финале во Њујорк го победи Карјакин, пренесува ОТР.