Добавить новость
World News in Macedonian
Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Пет сценарија за руската економија во 2017 година

Главните услови за порастот во Русија се покачувањето на цената на нафтата и гасот и постојана побарувачка на енергенси од страна на Европската Унија (повеќе од 40% од надворешната трговска размена на РФ). Значаен двигател на порастот е и девалвацијата на рубљата, која го намалува увозот и ги поттикнува домашните производители. Уште еден елемент кој може да предизвика пораст се инвестициите од буџетот кои во периодот од 2014 до 2016 година беa „инјекција“ за аграрниот сектор, за воено-индустрискиот комплекс и за определени региони. Сето останато замрзнува и тера кон депресија (огромните камати, цврстата парична политика, буџетската консолидација, трошоците што растат, мошне ниската норма на инвестиции, дефицитот на долгорочните парични средства).

Крајниот резултат е тоа што засега имаме пораст кај определени гранки (аграрниот сектор и воено-индустрискиот комплекс каде се вложени многу државни пари), две кризи – инвестициска и социјална (реалните приходи на населението опаѓаат) и вртење околу нулата во другите сектори на реалната економија. Растат и финансиските ризици (полека се издувуваат долговите со изминат рок, бран на шпекулативни пари од странство). Како и во секоја земја, сето ова е омекнато од неформалната економија која во време на криза е сѐ поголема.

Како руската економија „исплива“ од 2016 година?

Сценарија за следната година

Првото е повторување на 2016 година. Живот околу нулата, кога околу прозорецот протрчуваат измрзнати суштества кои сѐ уште се во состојба да брзаат (веројатност од 45%).

Второто е мал пораст, едноставно е невозможно да се живее без стремеж да се одбиеш од дното. Обиди на бизнисот и на населението да се најде нешто ново, да се тргне нагоре за сметка на сопствени средства (кредитите се малку достапни). Шансите се 20%.

Третото сценарио е поубедлив пораст кој би се должел на зголемување на светските цени на суровините. Шансите се 15%.

Како руската економија „исплива“ од 2016 година?

Четвртото е нагло заладување во економијата; финансиите, цените, системските ризици ќе излезат од контрола. Една од можните причини за тоа е понатамошното зацврстување на доларот, паѓање на цените на нафтата и на гасот, како и финансиски инфекции. Втора причина е испумпување, стегање на економијата, опаѓање на „притисокот“ во неа, како последица на големото заладување во периодот од 2014 до 2016 година. Болниот лежи и може да дише, но нема сила да стане. Веројатноста е 10%.

Петтото сценарио е вртење на власта кон енергично стимулирање на порастот (достапни кредити, силни даночни стимули, намалување на каматите, ослабување на рубљата, пораст на нормите на инвестиции – меѓу другото и со буџетски сет, притисок врз немонетарната инфлација поврзана со порастот на цените и на тарифите што ги регулира државата). Обид за апликација на „економското чудо“ што се случи во аграрниот сектор (таму се создадени токму такви услови) на целата економија. Шансите за една ваква радост изнесуваат 10%, иако за ваквата политика многу се зборува.

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media






Топ новостей на этот час

Rss.plus





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *