МНР на Русија загрижено за состојбата во Македонија
„Длабоко сме загрижени од последните настани во Република Македонија. На 27 април опозицијата која загуби според резултатите на парламентарните избори фактички изврши обид за насилно земање на власта во земјата, иницијативно избирајќи претседател на Собранието (парламентот) со грубо кршење на утврдените процедури. Како резултат на настанатата тепачка со учество на демонстрантите, кои настапија против „самозваните“, има повредени, од кои неколкумина се хоспитализирани.
Железњак: Треба да се спречи опасноста од распад на Македонија
Официјалните претставници на ЕУ, амбасадори на низа европски земји и САД веднаш го поздравија „новиот претседател“ на парламентот, патем кажано, поранешен командант на проалбанската „Народна ослободителна армија“. Таквата молневита координирана реакција, несомнено, претставува доказ за она што настанот се планирал претходно, со преќутно знаење на „надворешните старатели“ на македонската опозиција. Ова повторно ја потврдува тезата за тоа дека главната причина на сегашната внатрешнополитичка криза во Република Македонија преставува најгрубо мешање во внатрешните работи на таа земја. Во тек е своеволна манипулација со волјата на граѓаните со цел да се тргне од власт легалната влада.
Понатамошниот развој на настаните според ова сценарио, обидите да се видоизмени земјата врз основа на тнр. „Тиранска платформа“ се закануваат со уште поголем пораст на тензиите, кои можат да резултираат со премин на ситуацијата во конфликт, вклучително и на меѓуетничка основа. А ако споменеме дека истиот ден од страна на францускиот суд, без оглед на барањето на Србија по линија на Интерпол, беше ослободен косовскиот Албанец Р. Харадинај, тогаш видливо е очигледно поттикнувањето од Западот на големоалбанските аспирации.