„Вол Стрит Џурнал“:Телефонскиот разговор меѓу Путин и Трамп траел 30 минути
Ова го соопштува „Вол Стрит Џурнал“ повикувајќи се на американски функционер.
„Телефонскиот разговор траеше околу 30 минути и беше инициран од Путин“, пишува изданието.
Путин имаше телефонски разговор со Трамп
Притоа се истакнува дека во текот на разговорот не бил постигнат никаков напредок.
Претходно беше соопштено дека Путин и Трамп во телефонскиот разговор се изјасниле за организирање на меѓусебна средба во рамките на самитот на Г-20 во Хамбуг во јули.
Белата куќа го нарече разговорот како „многу добар“, пренесува RT.