Во Адигеја најден сандак на „Аненербе“ со черепи од непознати суштества
Череп без вилици, фронтални коски и вратот, отвор за 'рбетот на одреден начин асоцира на вонземјани, изјави Огај.
Откритијата потекнуваат од просторот на природниот резерват Голем Тхач, на кој се наоѓа етно-комплексот Беловодје. „Се обраќав до нашите научници со фотографија од черепите, сепак, не добив единствен одговор. Потребни се подетални проучувања“, рече Огај.
Женското лице на војната: Како советските жени ги надминувале воените предизвици
Активностите на „Аненербе“ беа концентрирани на археолошки, историски, па и окултни споменици.
Како што наведува „Адигеја Денес“ (Адыгея Сегодня), руските археолози тврдат дека черепите немаат никаква врска со вонземјани и дека би можело да се работи за черепи на овни кои водата и речниот песок ги деформирале и ги исфрлиле на брегот.
Целосниот назив на „Аненербе“ е „Германско друштво за истражување на древната германска историја и наследство на предците“. Оваа организација постоеше во Германија во периодот од 1935 до 1945 година, а е основана заради проучување на традицијата, историјата и наследството на таканаречената „германска раса“. Претседател на организацијата беше Хајнрих Химлер, пренесува „Взгљад“.