ФИФА: Добредојдовте на фудбал во прекрасната земја Русија
Претседателот на ФИФА Џани Инфантино ја пофали Русија за стореното во подготовката на Купот на Конфедерациите кој треба да стартува за четири недели, пишува „Кронен Цајтунг“.
„Отсекогаш бев убеден дека Русија ќе ги исполни сите преземени обврски“, изјави Инфантино на средбата со претседателот на Руската Федерација Владимир Путин во Краснодар. „Затоа ако некој кога било и се сомневал во тоа, сега може да го види резултатот“.
Стадионите на Мундијалот 2018
Шефот на ФИФА исто така им препорача на сите љубители на фудбалот да дојдат во Русија на Купот на конфедерации и на Светското првенство во 2018 и „да ја откријат оваа прекрасна земја“, истакнува австриското издание.
Од своја страна, претседателот на Русија Владимир Путин потенцираше дека организаторите на турнирите ќе направат сѐ што можат услугите и условите за престој да бидат на највисоко ниво.
„Кронен Цајтунг“ потсетува дека во Купот на конфедерациите 2017, кој ќе се одржи од 17 јуни до 2 јули, ќе учествуваат осум репрезентации, меѓу нив и шампионот на светот – Германија. Четири руски градови ќе бидат домаќини на натпреварувањето - Москва, Санкт Петербург, Сочи и Казањ, пренесува RT.