„Визер“: Летовите до Барселона, Ваксјо и Лондон се оптимизирани според барањата на пазарот
“Наскоро, авиокомпанијата ќе го објави летниот распоред за 2019 година и патниците ќе можат веќе да ги планираат своите патувања и да ги резервираат своите карти на Wizz рутите од Македонија”, се наведува во изјавата од авиокомпанијата.
Оттаму посочуваат дека вообичаена пракса во авионската индустрија е фреквенциите на летовите да се менуваат според патните периоди и перформансите на рутите и оти „Визер“ постојано ги следи перформансите на своите рути за да овозможи најпопуларните дестинации да имаат најниски цени.