Семејно гласање, следење на бројки на гласачи и проблеми со броење на гласови во 10 отсто од избирачките места се дел од забелешките на Мисијата за оценка на избори ОБСЕ/ОДИХР. Поголемиот дел од нивните забелешки се однесуваат на законските недоречености и на негативната кампања на изборите.
Победата на Сиљановска Давкова во првиот круг не е изненадување, но неочекувано е убедливото водство пред Пендаровски, коментираат аналитичари за РСЕ. Според нив, Максим Димитриевски и неговата партија ЗНАМ се најголеми добитници. Каква улога ќе имаат гласовите за албанските партии за избор на претседател во вториот круг?
Кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ порача дека ова „почеток на ново време“ и испрати пораки за регионална соработка. Нејзиниот противкандидат од СДСМ, пак, не криеше дека резултатите не се она што го очекувале, но најави борба за вториот круг. Изборниот ден, и од институциите и од повеќето партии, беше оценет како мирен со фер и демократска атмосфера и без поголеми инциденти.