Одложена посетата на министерот Бујар Османи на БиХ
![Одложена посетата на министерот Бујар Османи на БиХ](https://gdb.rferl.org/e1ab21f2-a3b8-4a33-a352-3141c37dd09c_w800_h450.jpg)
Денешната посета на Босна и Херцеговина на делегација на Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија, предводена од шефот на македонската дипломатија Бујар Османи, се одлага, соопшти Министерството за надворешни работи на БиХ.
Во соопштението на Министерството се посочува дека посетата е одлoжена „поради технички проблеми поврзани со доаѓањето на делегација од Република Македонија во БиХ", јави МИА.
Босанското Министерство информира и дека за новиот датум на посетата медиумите ќе бидат навремено информирани. Османи денеска требаше да престојува во работна посета на БиХ, во рамки на неговата турнеја низ земјите од регионот.