Нови 367 позитивни на коронавирус, 5 починати, 202 оздравени
Здравствените власти денеска објавија дека се регистрирани 367 нови случаи позитивни на коронавирус од направени 2.596 тестирања, со што вкупниот број на заболени од почетокот на пандемијата се искачи на 96.518. Починати се 5 пациенти во изминатото деноноќие сите во болнички услови, а вкупната бројка на смртни случаи од Ковид-19 во земјава моментално е 2.971 лице.
Во моментов во земјава има 6.223 активни случаи на коронавирус, од кои најмногу се во главниот град Скопје, соопшти Министерството за здравство.
Од новите позитивни на Ковид-19 најмногу се во Скопје 167, а потоа следуваат Кавадарци со 33, Охрид со 17, Куманово 14, Тетово 14, Прилеп 37...
Денеска Институот за јавно здравје регистрира 202 оздравени пациенти.
Досега во Северна Македонија направени се вкупно 482.026 тестирања на Ковид-19. Излекувани се 87.324 лица од почетокот на епидемијата.