Предвремени парламентарни избори во Косово
![Предвремени парламентарни избори во Косово](https://gdb.rferl.org/efe729c5-3808-4023-849a-2b96d4d90abe_w800_h450.jpg)
Помалку од година и половина од последните парламентарни избори, денеска во Косово се одржуваат нови. Право на глас имаат речиси 1,8 милиони граѓани. Гласањето кое се одвива на студено и снежно време почна во седум часот наутро и ќе трае до 19 часот. Првичните резултати се очекуваат пред полноќ.