Облачно со температура до 13 степени
![Облачно со температура до 13 степени](https://gdb.rferl.org/1B80D8FC-5DCE-4F96-A411-E7EA9033C4B1_cx0_cy10_cw0_w800_h450.jpg)
Времето денеска претпладне ќе биде умерено до значително облачно, а попладне облачноста ќе се намали. Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 13 степени.
Во Скопје максималната температура ќе достигне до 11 степени.
Од утре времето ќе биде стабилно и претежно сончево. Во претпладневните часови по одделни котлини ќе има услови за појава на магла и ниска облачност, особено утре. Температурите ќе бидат во пораст и од вторник ќе бидат над просекот за овој период од годината, што ќе услови топење на снежната покривка на планините.