Даштевски ги повика партиите побрзо да се договорат за гласање со отпечаток на прст
![Даштевски ги повика партиите побрзо да се договорат за гласање со отпечаток на прст](https://gdb.rferl.org/1C39100E-5FDB-49D7-95E6-8638078C4847_w800_h450.jpg)
Претседателот на ДИК, Александар Даштевски изјави дека локалните избори ќе треба да се одложат за еден месец ако политичките партии до крај на март не се договорат за земање отпечатоци од прст при гласањето.
„Од она што го слушаме постои политичка волја да се заврши таа работа“, истакна Даштевски.
Според него, итно треба да се изгласаат измените на Изборниот законик, да се распише тендер за набавка на читачи, а потоа и меѓународен тендер поради високата сума, за што побрзо да се поврзат базите на податоци на граѓаните од МВР. Парите, за намената, како што посочи тој, се обезбедени.
Заев: ДИК побрзо да набави апарати за гласање со отпечаток
Министерот за правда Бојан Маричиќ, кој денеска присуствуваше на настан во ДИК изјави дека кога ќе има консензус од сите политички партии тогаш ќе се спроведе собраниската процедура.