Изложбата „Жените и фотографијата“ по осми пат во Куманово
![Изложбата „Жените и фотографијата“ по осми пат во Куманово](https://gdb.rferl.org/fb7e575f-0980-44ff-99a1-a73ec8e7a6c6_w800_h450.jpg)
Педесет фотографии со акцент на положбата на жената денес и на слободна тема се изложени на традиционалната поставка „Жените и фотографијата“, што по осми пат во организација на Фото клуб Куманово, од 5 до 17 март, се одржува во Изложбениот салон на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“.