Нови 31 починати и 766 заболени од ковид-19
![Нови 31 починати и 766 заболени од ковид-19](https://gdb.rferl.org/9bdccef8-e2fc-43de-b8da-c812bd0ebcf4_w800_h450.jpg)
Во последните 24 часа се направени 3171 тестирања, а регистрирани се 766 нови случаи на ковид-19, од кои најмногу во Скопје – 252, по што следат Битола со 80 новозаразени , Куманово – 64, и Прилеп со 41 заболени.
Министерството за здравство објави дека пријавени се вкупно 31 починато лице, од кои најмладиот е на возраст од 48 години, а највозрасниот на 84 години.
Регистрирани се 1118 оздравени пациенти.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 147995, бројката на оздравени пациенти е 124828, на починати е 4509, а бројот на активни случаи изнесува 18658.