Прв олимписки медал за Македонија по две децении
![Прв олимписки медал за Македонија по две децении](https://gdb.rferl.org/f86de108-d952-4882-8d54-5e1b619b07b3_w800_h450.jpg)
Дејан Георгиевски денеска го освои сребрениот медал во теквондо во категоријата над 80 килограми на Олимписките игри во Токио. Тој во финалето беше поразен со 15:9 од претставникот на Рускиот олимписки комитет, Владислав Ларин. Тоа е втор олимписки медал во самостојна Македонија.