Ескобар - Вашингтон работи со Скопје и Софија на пронаоѓање решение
![Ескобар - Вашингтон работи со Скопје и Софија на пронаоѓање решение](https://gdb.rferl.org/7432891f-986d-4a27-85af-7b27e1cf0916_w800_h450.jpg)
Вашингтон разговара со владите во Софија и во Скопје да се пронајде решение кое ќе биде корисно за двете страни, изјави заменик-помошник секретар во Бирото за европски и Евроазиски прашања при Стејт департмент, Габриел Ескобар. Тој вели дека најсилната порака што сега ЕУ може да ја даде е да закаже почеток на преговори за членство на Северна Македонија и на Албанија во ЕУ пред крајот на оваа календарска година.