Вториот изборен круг мирен и досега со поголема излезност од првиот
![Вториот изборен круг мирен и досега со поголема излезност од првиот](https://gdb.rferl.org/05e00000-0a00-0242-efa7-08d99c5635bc_w800_h450.jpg)
Гласањето во вториот круг од локалните избори се одвива без проблеми, со поголема излезност од првиот круг до сега, оценува ДИК. На некои избирачки места имало прекини поради уредите за отпечатоци од прсти, но тие проблеми се надминуваат. Од МВР не забележале посериозни инциденти. Денеска се гласа во 44 општини.