Секое четврто бебе во земјава е предвреме родено
![Секое четврто бебе во земјава е предвреме родено](https://gdb.rferl.org/c36f2e8c-980c-4c56-9b3c-11d90458e3d4_w800_h450.jpg)
Дваесет и пет отсто од бебињата родени во Македонија се родени предвреме. Смртноста на предвреме родените бебиња е намалена и од 25 проценти во 2016 сега изнесува 8,9 отсто, рече денеска министерот за здравство Венко Филипче на прес-конференција по повод Меѓународниот ден на предвреме родените бебиња – 17 ноември.
Викторија Јовановска, директорка на Гинеколошко-акушерска клиника рече дека најмало предвремено родено бебе во државава е родено во 23 гестациска недела. А имало бебе родено во 24 гестациска недела кое имало родилна тежина од 480 грама, што е најмала тежина на бебе забележана во државата.
Бременост и ковид - Најголема е грижата за новиот живот
Таа дополни дека овој ден се одбележува и со цел да се обрне внимание на превентивата на бремените жени, бидејќи, како што кажа, тоа е најважно за да се намали процентот на предвремено родени деца.