Преживеа владата на Црна Гора, опозицијата ја повлече иницијативата за гласање недоверба
![Преживеа владата на Црна Гора, опозицијата ја повлече иницијативата за гласање недоверба](https://gdb.rferl.org/008c0000-0a00-0242-5670-08d9bb02baca_w800_h450.jpg)
Црногорскиот премиер Здравко Кривокапиќ одлуката на опозицијата да го повлече предлогот за соборување на владата што тој ја предводи ја нарече победа.
Кривокапиќ на вонредна прес-конференција објави дека пропаднал обидот за како што кажа, политичка корупција, односно купување на „златниот глас“ за соборување на неговата влада.
На 13 декември опозициските партии го повлекоа барањето за недоверба на владата во црногорскиот парламент што беше поднесено од 40 нивни пратеници кон крајот на ноември. На опозицијата и недостигаше глас од уште еден пратеник од парламентарното мнозинство за да го „урнат“ кабинетот на Кривокапиќ. Во црногорското собрание има 81 пратеник од кои 41 се дел од владиното мнозинство, а 40 се од опозицијата.
Опозицијата во Црна Гора го повлече предлогот за недоверба на Владата на Кривокапиќ
Претходните денови иницијаторите ја уверуваа црногорската јавност дека имаат повеќе од доволно поддршка за изгласување недоверба на Владата, но на 13 декември го повлекоа тоа барање. Причината за таквата одлука е поради тоа што една од владејачките партии Демократски фронт најави дека ќе поднесе иницијатива за намалување на мандатот на Собранието. Од Демократски фронт најавија дека ќе предложат до останатите партии од владејачкото мнозинство да се направи договор за скратување на мандатот на Собранието и организирање нови вонредни парламентарни избори. Но на таа најава, партнерите од власта, Демократска Црна Гора и Граѓанското движење УРА одговорија негативно.
Пред да ја повлечат иницијативата од опозицијата не потврдија дали обезбедиле еден глас, кој им недостасуваше за да може да ја соборат Владата.