Грчката влада ги отфла шпекулациите за спорот за името
Портпаролот на грчката влада ги демантира шпекулациите на медиумите на албански јазик дека е постигнат напредок во спорот за името и оти е договорено Македонија да го промени името во „Република Нова Македонија“, објавуваат грчките медиуми. Тој рече дека не се заинтересирани за многубројните шпекулации во врска со преговорите за името, туку за тоа да продолжат со преговорите на сериозен начин за да може во наредните неколку месеци да се дојде до решение за проблемот.
Коментарите доаѓаат откако одредени грчки портали повикувајќи се на портал на албански јазик пишуваа дека Атина и Скопје се договориле за името „Република Нова Македонија.“
Во весникот „Катимерини“ пренесува став за прашањето за името на Грчката православна црква, односно на грчкиот архиепископ Јероним кој вели дека прашањето за името не може да ја остави индиферентна Грчката црква, а според весникот, се очекува грчките митрополити да го потврдат својот став за решение без употреба на името Македонија.