Анонимно писмо до Коѕијас: Имаме три куршуми за тебе
„Никос Коѕијас ги води преговорите со маестрални потези со насоките што ги добива од премиерот, а климата не ја одредуваат ниту радикалните гласови од една или друга страна ниту дописите што некои се осмелија да ги пратат до министерот за надворешни работи и да говорат за три куршуми и закани“, изјави Тоскас.
Грчкиот министер за цивилна заштита рече дека ваквите постапки се само затоа што некому не му се допаѓа начинот на кој се преговара.