Месецов нема дијалог Белград -Приштина
Преговарачкиот тим на Србија ја демантираше најавата на шефот на делегацијата на Косово во техничкиот дел од дијалогот со Србија, Авни Арифи, дека дијалогот ќе продолжи кон крајот на февруари. Како што јавуваат агенциите, дијалог до крајот на месецот нема да има зошто се уште се чекаат записниците после убиството на Оливер Ивановиќ.
Од преговарачкиот тим на Србија соопштиле дека нема да прифатат дијалогот да го закажува Арифи, бидејќи тој е нов во тимот и треба да знае како се закажува дијалогот. Арифи, кој е дел од косовскиот тим за косовската агенција Телеграф изјавил дека точен датум за дијалогот се уште нема, но нејверојатно ќе се случи до крај на месецот. Арифи на таа должност стапи од половината на јануари.
По прекинот на дијалогот од околу две години требаше да се продолжи на 16 јануари, но до тоа не дојде бидејќи точно тој ден во северниот дел на Митровица беше убиен лидерот на СДП Оливер Ивановиќ, па делегацијата на Србија одби да учествува во дијалогот.