Атина побара транспарентност, Скопје одговори со оптимизам
Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас во интервју за Еуроњуз побара од Скопје да излезе и јавно да каже која ќе биде придавката во сложеното име. Од македонската влада соопштија дека јавноста била целосно информирана, а дека решение на спорот за разликите за името со Грција е можно.