Кривичниот суд примил над 2.500 барања за амнеситја
Кривичниот суд согласно Законот за амнестија до денеска примил над 2.500 барања за амнестија од осудени лица, од нив две третини се решени и вратени до затворите, истакна на денешниот брифинг со новинарите претседателот на Судот Иван Џолев.
Ова не е вкупна бројка на осудени лица, додаде тој, туку бројка на барања, појаснувајќи дека од еден осуденик може да бидат поднесени и повеќе барања, како и дека барањата опфаќаат не само целосна, туку и делумна амнестија.
Според Џолев, направен е увид во над 10 илјади предмети и сите рокови се испочитувани, додавајќи дека рокот од пет дена за одлучување по барање за амнестија ќе се запази и за барањата кои ќе стигнат до Судот дополнително. Првите решенија од Кривичниот суд биле издадени на 2 февруари, рече Џолев.