Иран отфрла преговори за нуклерната програма
Иранскиот претседател Хасан Рохани отфрла повторно да се преговара за програмата за нуклеарно наоружување, велејќи дека не сакаат да создадат оружје за масовно уништување. Иранскиот претседател, исто така, потврди дека не може да се преговара за договорот за нуклеарна програма склучен меѓу Техеран и светските сили во 2015 година. Иран тврди дека нивната нуклеарна програма е само за мирољубиви цели, додека Соединетите Американски Држави и други земји тврдат дека земјата се обидува да развие нуклеарно оружје.
Американскиот претседател Доналд Трамп минатиот месец изјави дека треба да се поправат „ катастрофалните недостатоци“ во договорот. Трамп предупреди дека Вашингтон ќе се повлече од договорот, ако не се променат некои делови и даде рок од четири месеци да се стори тоа.