Минхенска безбедносна конференција: На работ на значителен конфликт
Влошените односи меѓу Русија и Западот уште еднаш ќе бидат главна тема на годишната конференција што денеска почнува во Минхен посветена на безбедносните прашања во светот. Дискусиите се главно свртени кон нуклеарните закани од Северна Кореја и конфликтите во Украина и Сирија. Претседавачот на Конференцијата Волфганг Ишингер предупреди дека растечките тензии меѓу Вашингтон и Москва и зголемениот национализам се едни од најголемите ризици на меѓународниот поредок.