Димитров: Почеток на преговори со ЕУ до крајот на бугарското претседателство
Македонија очекува до крајот на бугарското претседателство со Европската унија да добие датум за почеток на преговорите за членство, изјави министерот за надворешни работи Никола Димитров пред почетокот на денешната сесија од неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ, Гимних, во Софија.
„Правиме се што можеме во јуни да има политичка одлука и правиме се што можеме да ја убедиме Грција да биде дел од тој консензус за Македонија. Тоа ќе биде добра работа за Македонија, за Бугарија, за сите наши соседи, за Балканот, но и за Европа, рече Димитров.
Во врска со изјавата на македонмскиот премиер Зоран Заев дека се решени три од седумте спорни прашања во преговорите со Грција, Димитров не прецизираше за што станува збор наведувајќи дека задачата на премиерите е да го водат процесот, а на министрите за надворешни да го сработат тоа.