Хан: „сосема сигурно“ решавање на името до јули
Европската унија е „сосема сигурна“ дека Македонија ќе го реши долгогодишниот спор за името со Грција пред јули, изјави денеска во Софија еврокомесарот за проширување и добрососедска политика Јоханес Хан на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите од ЕУ и државите кандидати.
Хан одговараше дали спорот ќе биде решен до крајот на бугарското претседателство, што истекува во јуни, а Хан одговори дека е „сосема сигурен во тоа“.
Очекување дека спорот за името ќе биде решен и Македонија за време на бугарското претседавање ќе добие датум за почеток на преговорите со ЕУ, искажа и бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева.
Таа истакна дека се надева оти на состанокот на Европскиот совет во јуни ќе се донесе одлука за отворање на преговорите со Македонија.