Гутереш загрижен за можниот судир помеѓу Израел и Хезболах
Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш денеска изјави дека е загрижен поради можноста од директна конфронтација помеѓу Израел и либанскиот Хезболах, пренесува Ројтерс. Тој рече дека последните сигнали од двете страни покажуваат дека никоју не сака конфликт, но дека е доволна само една искра да го предизвика истиот. Гутереш рече дека е сериозно загрижен поради ескалација во целиот регион. Евентуалниот судир меѓу Израел и Хезболах би бил ноќна мора и би предизвикал катастрофа, рече Гутереш.
Хезболах минатата недела соопшти дека доколку биде неопходно ќе ги нападне израелските позиции, додека официјален Тел Авив најави дека ако исто така биде неопходно ќе дејствува против Хезболах. Во последно време Израел и Либан спорат околу границата за истражување на нафта во Медитеранот.