Меркел: Решението за имeто никогаш не било поблиску
Македонија е поблиску од било кога во минатата деценија за решавање на спорот за името со Грција, којшто ги урна надежите на балканската земја за влез во НАТО и ЕУ, изјави денеска германската канцеларка Ангела Меркел на заедничка прес-конференција со македонскиот премиер Зоран Заев.
„Многу сум задоволна дека има придвижување во разговорите“, изјави Меркел.
Таа додаде дека во последните десет години решението не било толку блиску како сега и оти би било прекрасно доколку се отстранат и преостанатите тешкотии.