Авганистанските сили заробиле германски државјанин
Локалните власти соопштија дека мажот носел документи кои го идентификувале како државјанин на Германија и бил заробен заедно со уште двајца милитанти. Првичната истрага, според нив, покажува дека тој не бил затвореник на талибанците и дека учествувал во изработувањето на бомби. Германските власти не го коментираа настанот.