Меркел и Трамп загрижени за тврдењата на Путин
Германската канцеларка Ангела Меркел денеска телефонски разговарала со американскиот претседател Доналд Трамп при што двајцата лидери изразиле загриженост за тврдењата на рускиот претседател Владимир Путин за ново атомско оружје. Според соопштението, Меркел и Трамп сметаат дека тоа ќе има негативен ефект врз меѓународните напори за контрола на вооружувањето.
Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков негираше дека Русија ги прекршила меѓународните договори за вооружување. Според него, говорот на Путин нема да ја зголеми меѓународната изолација на Русија и не го навестил почетокот на нова трка за вооружување.