Црвен крст принуден да ја прекине помошта за источна Гута
Меѓународниот комитет на Црвениот крст соопшти дека биле принудени да ја прекинат испораката на помош во сириската енклава источна Гута која е под контрола на бунтовниците поради влошување на безбедносната ситуација.
Портпаролот на организацијата во земјата, Инги Седки изјави дека поголемиот дел од конвојот кој сочинувал 46 камиони со помош бил испорачан во градот Доума во источна Гута, но мисијата била прекината пред остатокот од помошта да биде истоварена. Според локалните власти, 9 камиони со помош морале да ја напуштат областа откако се интензивирале нападите.