Шепс и Митревска во „Женски приказни“ на Македонска филхармонија
„Женски приказни“ е насловен симфонискиот концерт, што во четврток на 8 март, на Меѓународниот ден на жената, ќе го одржи Македонската филхармонија. Солист во изведбата на бетовеновиот Концерт за пијано и оркестар бр. 3 ќе биде извонредната пијанистка Олга Шепс од Германија, а со оркестарот ќе диригира нашата Елена Митревска која кариерата успешно ја гради на европските сцени.