МВР со кратка информација за приведувањето на соработникот на Спасовски
Министерството за внатрешни работи во редовниот полициски билтен денеска информира дека на “09.03.2018 година по налог на Основно јавно обвинителство од слобода е лишен Д.С., вработен во кабинетот на министерот за внатрешни работи, под сомнение за сторено кривично дело по член 353 од Кривичниот законик- Злоупотреба на службена положба и овластување”.
Приведувањето се случило вчера попладне, а функционерот од МВР бил однесен во полициската станица во Кисела Вода. Повеќе официјални детали се уште нема.
Членот 353 кој се наведува во полицискиот билтен се однесува на повеќе злоупотреби, меѓу кои повреда во чување на државната граница, неизвршување наредба или несовесно работење во службата.