Руската полиција разби протестот против депонија
Руската полиција со употреба на сила разби протест на кој граѓани бараа затворање на депонија во гратчето Волоколамск во близина на Москва. Како што пренесуваат агенциите, полициските специјалци со палки и со приведување на повеќе лица ја расчистија блокадата на патот која неколку десетици протестанти ја поставија пред два дена со цел да ги спречат камионите со отпад да влезат на депонијата која според локалните власт ги загадува воздухот и животната средина. Локалната полиција соопшти дека во акцијата деветмина протестанти се приведени и по кратко време се пуштени без да бидат подигнати обвиненија против нив. Минатата недела локалната власт во Волоколамск објави вонредна состојба откако нивоата на отровните гасови се зголемија повеќе од двојно поради истекување на гас од депонијата.