Скрипал првиот контакт со нервниот гас го имал во неговиот дом
Британската полиција соопшти дека верува оти поранешниот руски двоен агент Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија за прв пат биле изложени на нервниот гас во нивниот дом. Според полицијата, најголема концентрација на смртоносната супстанција бил пронајден на влезната врата.
Внуката на Скрипал, Викторија изјави дека прогнозата за нивното преживување е многу мала. Скрипал и неговата ќерка беа пронајдени во несвесна состојба на клупа во британскиот град Салсбери, а поради случајот беа протерани околу 150 руски дипломати од 30 земји и НАТО.