Истрага за немирите во затворот во Венецуела во кои загинаа 68 лица
Членови на семејствата и активисти за човекови права во Венецуела бараат истрага за немирите и пожарот во затвор во кој загинаа 68 лица за време на обидот за бегство на некои од затворениците.
Јавниот обвинител на земјата, Тарек Вилијам изјави дека четворица обвинители се назначени за да утврдам што се случило. Карлос Палма, кој е лидер на групата за правата на затворениците „Прозорец на слобода“ посочи дека некои од затворениците починале од изгорениците кои ги здобиле кога запалиле душеци и го украле пиштолот на чуварот при обидот за бегство од затворот.