Идентификувана жената која изврши напад во Јутјуб
Американски медиуми јавија дека одговорна за нападот во седиштето на Јутјубво Калифорнија е 39 годишната Насим Агдам, жителка на Санд Диего со потекло од Иран.Агдам застрела три лица вработени во Јутјуб, а потоа се самоуби. Полицијата соопшти дека најверојатно нападот е резултат на домашен спор. Нејзиниот татко Исмаил Агдам изјави дека ќерка му била гневна на Јутјуб поради тоа што не биле објавувани нејзините видеа на платформата.