Организацијата за забрана на хемиско оружје на средба за случајот Скрипал
Организацијата за забрана на хемиското оружје денеска одржува состанок зад затворени врати поради труењето на поранешниот руски двоен агент Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија со нервен гас во британскиот град Салсбери. Состанокот во Хаг е по барање на Русија која ги негира обвинувањата на Британија дека стои зад нападот.
Британската делегација го отфрли предлогот на Москва за заедничка истрага за случајот. „Тоа е тактика на пренасочување и за уште повеќе дезинформации кои се дизајнирани со целруските власти да ги избегнат прашањата што треба да ги одговорат", напиша британската делегација на Твитер за време на средбата.
Во соопштение од ЕУ прочитано за време на средбата се наведува дека Русија треба да одговори на легитимните прашања на Лондон и да започне да соработува со организацијата за забрана на хемиското оружје.