Во бомбашки напад во Авганистан повредени 3 лица
Во експлозија на бомба во главниот град на Авганистан, Кабул биле повредени три лица. Според властите, меѓу повредените се и двајца војници, а нападот се случил во близина на зградата на министерството за одбрана. Експлозијата била предизвикана од бомба поставена покрај пат. Се уште никој не презема одговорност за нападот.