Русија протерува унгарски дипломат
Руското министерство за надворешни работи соопшти денеска дека ќе протера еден вработен во амбасадата на Унгарија во земјата. Таквиот чекор, според соопштението, е преземен како одговор на одлуката на Будимпешта да протера руски дипломат од земјата.
Британија, САД, земји-членки на ЕУ, како и НАТО протераа повеќе од 150 руски дипломати како резултат на труењето на поранешниот руски воен агент Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија во англискиот град Салсбери.