Една жртва во пожар во трговски центар во Москва
Руски медиуми јавија дека повеќе од 100 лица се евакуирани од трговски центар за детски производи во Москва откако избувнал пожар во просторија за складирање на најгорниот кат. Според медиумите, едно лице загинало во пожарот. Се уште не се знае дали некој останал во објектот. Во пожар во трговски центар во сибирскиот град Кемерово загинаа 64 лица, меѓу кои и 41 дете.