САД, Велика Британија и Франција почнаа со напади врз Сирија
Пентагон соопшти дека се нападнати цели во сирискиот главен град Дамаск и во реонот на Хомс. Според сириската државна телевизија, при нападите се повредени три лица во Хомс.
Почетокот на нападите го најави американскиот претседател Доналд Трамп во обраќање во три часот по средноевропско време, нагласувајќи дека „во тек е заедничка операција со вооружените сили на Франција и Велика Британија“.