Турција го критикува Извештајот за човекови права на Стејт департментот
Турција денеска го критикува Извештајот за човековите права на Стејт департментот.
„Турција е длабоко разочарана од Извештајот. Тој е полн со тврдења и обвинувања во делот кој се однесува за нашата земја, кои не може да бидат прифатени“, пишува во соопштението на турското Министерство за надворешни работи.
Во соопштението натаму стои дека и покрај интензивната борба против сериозните, многубројни терористички закани, Турција продолжува да ги почитува принципите за демократија, како и човековите права и владеењето на правото.
Во извештајот на Стејт департментот, мерките кои Турција ги презема во рамките на борбата против терористичките групи се опишани како „пристрасни“, се вели во соопштението.
„Извештајот ја игнорира борбата на Турција против радикалната терористичка група ФЕТО, која стои зад обидот за пуч во 2016 година“, се посочува во соопштението на турското МНР.