Државниот секретар во словачкото МВР: На Балканот чекаат 50 илјади мигранти
Шефиц изјавата ја даде за Словенечката телвизија, по посетите на Загреб, Белград и Тирана каде со свои колеги во изминатите два дена зборувал за состојбата и можен развој на ситуацијата.
Шефиц предупредува дека на одлуките на потенцијалните мигранти може да делуваат подобрените времснски услови за транзит, но и на некои одлуки на државите каде се наоѓаат.
„За разлика од ситуацијата во време на големата миграциска криза пред три години, сега 85 отсто бегалци бараат азил во Словенија, што е големо оптоварување, а промени се забележани и во структирата на мигранти, бидејќи најголем дел веќе не доаѓаат од Блискиот исток туку од северна Африка“, предупреди Шефиц.