Убиецот на данската новинарка Ким Вал осуден на доживотен затвор
30-годишната Вал се качила на подморницата на Мадсен за да го интервјуира за приказна. Таа беше пријавена за исчезната од страна на нејзиното момче, а нејзините остатоци беа пронајдени во водата неколку недели по нејзината смрт.
Судијата чирајќи ја пресудата рече дека Мадсен „извршил цинично, планирано убиство од брутална природа“, додавајќи дека „го распарчил телото за да ги сокрие доказите за убиството.“
Мадсен исто така беше обвинет за „сексуален напад од особено опасна природа“ во насока на бројните внатрешни и надворешни рани кои биле забележани на телото на Вал.