Протест за правда за убиството кај Смилковското Езеро
Неколку десетици луѓе денеска се собра на протест пред Кривичниот суд каде што побараа затворски казна за убиството кај Смилковско Езеро. Велат дека се организирале сами за да бараат правда за жртвите и затвор за убијците. На дел од транспарентите што ги носеа имаше прашање до премиерот Зоран Заев дали мирно спие.
На овој протест не присуствуваа родителите на убиените момчиња, но за медиумите изјавија дека ќе почекаат да видат како ќе постапува Специјалното јавно обвинителство.